Четворица осомничени за убиството на полициските службеници во Астрахан се ликвидирани, изјави за РИА „Новости“ портпаролот на управата на Росгвардија за Астраханската област.
„Еден од осомничените за убиството на полициските службеници во Астрахан беше ликвидиран при напад врз контролен пункт на Росгвардија, вториот почина откако беше ранет во грбот, другите двајца беа опколени и ликвидирани“ изјави за агенцијата соговорникот. Тој додаде дека загуби меѓу припадниците на Росгвардија нема.
Подоцна се уапсени уште две лица, напиша губернаторот на Астраханската област Александр Жилкин на „Твитер“.
Како што се дознава, наводните убијци биле откриени во индустриската зона во близина на градот, се криеле во една од напуштените згради. Местото било опколено по што почнала престрелка.
На местото на живеење на сите осомничени се вршат претреси. Запленета е аудио снимка во која еден од нив искажува екстремистички ставови и повици за кривични дела.
Контролен пункт на Росгвардија беше нападнат во средата навечер, при што на војниците било стрелано од автомобил. Тројца повредени припадници на Росгвардија се евакуирани во воената болница во Балашиха. Еден од полицајците, кој се здоби со сериозни повреди, е опериран во Астрахан.
Како што се дознава, напаѓачите се вмешани во убиството на сообраќајните полицајци на 4 април. Тогаш напаѓачите отвориле оган врз двајца сообраќајни полицајци кои пристигнале да извршат увид на местото на сообраќајна несреќа. Полицајците починаа од здобиените рани пред да пристигне брза помош.
Истрагата подоцна објасни дека целта на нападот врз полицајците била да им се одземе оружјето за подоцна да биде употребено во криминални дела, вклучително и убиства.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче