Канцеларот на Австрија повика на ублажување на антируските санкции

Канцеларот на Австрија Кристијан Керн повика на повторно разгледување на санкциите против РФ, изјавувајќи дека таквите мерки не доведоа до подобрување на ситуацијата околу клучните спорни прашања, пренесува „Блумберг“.

Според Керн, ЕУ треба да разгледа други начини и лостови на влијание врз Русија, кои ќе бидат поуспешни и помалку ќе ѝ наштетат на економијата на Европа. На прашањето дали тој поддржува делумно укинување на санкциите против Русија во замена за напредок во исполнувањето на „Минската спогодба“, Керн одговори потврдно, пренесува „Блумберг“.

„Сепак мора да се согласиме дека укинувањето на санкциите треба да се одвива паралелно со почитувањето на „Минската спогодба“, изјави Керн, истакнувајќи го, исто така, сложениот процес на укинување на санкциите при отсуство на напредок околу „Минската спогодба“.

„Санкциите навистина ѝ нанесуваат штета на нашата економија – расходите во Австрија изнесуваат околу 0,3% од нашиот бруто домашен производ. На тој начин, ние не сме особено задоволни од економските последици“, изјави австрискиот канцелар, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.