Експерт:Црногорскиот обвинител им дава моќно оружје на критичарите на Трамп

Материјалите на црногорското специјално обвинителство и судскиот процес вредат за сите пари за борците против „руската експанзија на Балканот“, пишува Георгиј Енгелард, експерт за Балканот од Институтот за славистика на Руската академија на науки.

Без оглед на валидноста на таквите материјали, тие одлично се вклопуваат во фундаментот на барањето начин, како да се истиснат и најмалите облици на присуство на Москва во регионот, така и да се прошири и без тоа активната експанзија на НАТО.

А на целата работа на значење ѝ додава „проблемот на Трамп“. Политичкиот естаблишмент во САД го тресе жестока борба за дефинирање на курсот на новиот претседател. Поточно, за ограничување на неговите обиди да ги преиспита со децении присутните пристапи и особено, за воспоставување на добри односи со Русија. Само што таквите гледишта го чинеа функција советникот за национална безбедност Мајкл Флин. На сериозни напади од страна на европските лидери беа подложени дури и навестувањата за новата линија на Трамп во однос на Русија, пишува експертот.

Во таквите услови црногорскиот специјален обвинител Миливоје Катниќ на критичарите на Трамп им дава моќно оружје – аргументи за „тероризмот и дестабилизирачката улога“ на Москва. Апсолутно не е случајно што уште на крајот на декември 2016 година на еден од настаните во рамките на посетата на  министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на Белград, фигурантот во „случајот преврат“ Ристиќ беше доведен да биде во близина на министерот, за да можат сега тие фотографии да ги полнат страниците не само на црногорските, туку и на британските медиуми.  

Обидот да се дискредитира руската дипломатија има намера да ја блокира за Трамп макар и можноста за какви било пријателски гестови спрема Русија и контакти со Москва, пишува Енгелард во текстот под наслов „Телевизиски пуч. „Државниот удар“ во Црна Гора и „руската трага“, објавен на порталот „Лајф“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.