„Ситуацијата е следнава: во наш интерес е да се воспостават адекватни односи со Русија. Од една страна, тоа ни дава нови можности, од друга страна, сепак, крие во себе определен ризик, ако за нас тие бидат дефинирани од Белата куќа. Токму таа противречност ја усложнува процената на ситуацијата, изјави Фон дер Лаен за германската телевизија ZDF.
Според неа, односите со Русија се шанса да се решат многуте проблеми, како што се Сирија и Авганистан, затоа што меѓународната заедница може да ги реши единствено со помош на Русија.
Меѓутоа, изградбата на односите треба да се заснова врз принципите кои се важни за Западот, односно почитувањето на нормите на меѓународното право и неповредувањето на границите и суверенитетот на другите држави, смета Фон дер Лаен.
„Ние немаме право и немаме намера да отстапуваме од тие принципи. Затоа е исклучително важен пристапот кон воспоставувањето дијалог со Русија кој, во принцип, ни е потребен“, изјави германската министерка за одбрана, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче