Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Американците „треба да се занимаваат со својот живот“ како одговор на повиците за воведување санкции против Русија поради наводна вмешаност во сајбер-нападите во текот на претседателските избори, објави во четвртокот агенцијата „Ројтерс“.
„Мислам дека треба да се занимаваме со своите животи. Мислам дека компјутерите многу ни ги усложнија животите. Самата компјутерска епоха нѐ доведе до место каде што никој јасно не знае што се случува“, изјави Трамп за новинарите, одговарајќи на прашањето дали САД треба да воведе санкции против Русија.
Трамп објасни дека не му се познати коментарите на сенаторот-републиканец Линдзи Греем дека РФ треба да очекува санкции во врска со наводното влијание на Русија врз претседателските избори во САД и сајбер-нападите.
„Имаме брзина, имаме уште многу други нешта, но не сум сигурен дека ја имаме безбедноста што е потребна. Немам разговарано со сенаторите во врска со тоа, но апсолутно ќе го сторам тоа за некое време“, додаде Трамп.
Во средата телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори во администрацијата, соопшти дека претседателот на САД Барак Обама планира во четврток да објави нови санкции против Русија поради наводната вмешаност на Москва во хакерските напади, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче