МНР РФ ги коментира можните нови санкции на САД

Министерството за надворешни работи на Русија ветува одговор на евентуалните нови американски санкции.

Вашингтон ќе добие одговор од Русија на своите непријателски чекори, особено на можните санкции во врска со наводната вмешаност на Русија во текот на американските претседателски избори, се вели во изјавата на портпаролот на МНР РФ Марија Захарова објавена на сајтот на министерството.

„„Администрацијата на заминување на САД сѐ уште се надева дека конечно ќе успее да направи уште нешто лошо за односите со Русија, кои таа и онака ги влоши. Со помош на јасно инспирирано протекување во американските медиуми уште еднаш се обидува да нѐ исплаши со проширување на антируските санкции, со мерки од „дипломатски“ карактер, па дури и со саботажи врз нашите компјутерски системи“, соопшти Захарова, пренесува „Лента.ру“.

Дипломатот, исто така, изјави дека администрацијата на Обама уште пред шест месеци „ја лансираше оваа дезинформација во обид да му помогне на  посакуваниот за себе кандидат на ноемвриските претседателски избори и, откако не го постигна посакуваното, бара оправдување за сопствениот неуспех, и со сета сила го истура својот гнев на руско-американските односи“.

„На администрацијата на Обама веќе ѝ е сосема сеедно што ќе се случи со билатералните односи, но историјата малку веројатно ќе ѝ го прости нејзиното однесување според принципот „по нас макар и потоп“, резимира портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња