„Лада“ ја презентираше „црната ракета“

На социјалните мрежи се појави првото промотивно видео на најмоќната „Лада“. На видеото, објавено на „Јутјуб“, е прикажана Lada Kalina NFR.

Lada Kalina NFR, или „Црната ракета“, како што уште ја нарекуваат хечбек-верзијата, е опремена со бензински мотор од 1,6 литри со 16 вентили, со моќност од 136 КС (при 154 Нм). Моторот работи со петстепен менувач, пренесува „Росијскаја газета“.

Максималната брзина на Кalina NFR изнесува 203 км/ч, развива брзуна од 0-100 км/ч за 9,2 секунди. Суспензијата на спортската Kalina е модернизирана, од „Рено Меган“.

„Црната ракета“ има предни и задни диск-сопирачки, спортски амортизатори, 17-инчни фелни со оригинален дизајн, спојлер и отвори за воздух во хаубата. Цената на Lada Kalina NFR е 850 000 рубли (околу 13000 евра).

Со производство на „спортски“ автомобили „Лада“ се занимава „Лада Спорт“. На почетокот на септември беше произведен 32-илјадитиот автомобил од отворањето на претпријатието во 2013 година.

На крајот на август спортската филијала на АвтоВАЗ ги презентираше на Московскиот автосалон концептите за Lada Vesta Sport и Lada Xray Sport, како и за Lada Kalina NFR и Lada Granta Sport заедно со „борбената“ тркачка Lada Vesta WTCC. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња