Според зборовите на рускиот претседател, руското државјанство ќе му ја олесни комуникацијата на актерот со пријателите и реализацијата на професионалните планови. Тој исто така изрази мислење дека тоа „може да биде знак за постепена нормализација на нашите меѓудржавни односи“.
На барање на Путин Сигал се потпиша на својот пасош и му се заблагодари на претседателот на РФ на руски јазик.
Ѕвездата во филмовите од 90-тите Стивен Сигал го доби државјанството поради љубовта спрема Русија и своите успеси на актерската сцена уште на почетокот на ноември.
На почетокот на годината Сигал исто така доби и српско државјанство, пренесува „Газета.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче