Шефот на Пентагон го советува Трамп да не соработува со Русија за Сирија

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер изјави во петокот дека ну му препорачува на новоизбраниот претседател Доналд Трамп потопли односи со Русија затоа што „тие не го прават она што ние треба да го правиме и што мислиме дека треба да се направи (во Сирија)“.

Во интервју за Си-Би-Ес Њуз Картер изјави дека Русија го прекршила ветувањето да се бори против тероризмот и да помогне да заврши граѓанската војна во Сирија, и дека нејзиното вклучување во Сирија само „долева масло на огнот“ на насилството во таа земја.

„Русите рекоа, ако се сеќавате, дека ќе се вклучат и ќе се борат против тероризмот и ќе помогнат за отстранување на Асад. Тие не направија ниту едно од тие нешта. Не направија ништо од тоа“.

„Тие му помагаат на Асад“, му реплицираше водителката Нора О’Донел.

„Токму така. Што за возврат само долева масло на огнот на сириската граѓанска војна. Значи, Русите го прават сосема спротивното. И затоа ние не можевме, и јас не сум за тоа, и не му препорачувам на претседателот да комуницираме или да работиме со Русите сѐ додека тие не почнат да ги прават вистинските нешта“, изјави тој.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња