Култот на Путин: Како Америка стана голема Украина

Американската предизборна кампања се сведува на играта „Најди го Путин!“, пишува порталот „Журналисткаја правда“.

Цел свет со чудење следи како главен фактор во судирот меѓу Трамп и Клинтон станува никој друг туку рускиот претседател Путин, пишува порталот „Журналистскаја правда”.

„Претседателот на Русија и неговиот однос спрема кандидатите е поважен и од прашањата за внатрешната политика, и од економијата и од социјалните ветувања. Неговата огромна фигура го засени целиот предизборен хоризонт во САД и во неговата сенка се мотаат мали смешни фигури“, се наведува во текстот.

Почна нова рунда скандали околу мејловите на Хилари Клинтон. Директорот на ФБИ Џејмс Коми објави нова партија материјали кои ја претставуваат Клинтон во многу неповолно светло.

„И тука почнува играта „Најди го Путин“, пишува порталот. Приврзаниците на Хилари Клинтон го обвинуваат Коми дека застанал на страната на Владимир Путин.

„А лидерот на демократите во Конгресот Хари Рид направи пируета со двојно салто обвинувајќи го Коми, а патем обвинувајќи го и Трамп! Ти, Коми, вели тој, ја обвинуваш нашата Хилари за којзнае што, а јас лично знам дека ти си упатен во врските на Трамп со Путин. Но молчиш за тоа!”

„Знаете, мои кутри Американци, до такво газење на законите на логиката и правото досега дотераа само во Украина. А вие, гледам, сте тргнале по истиот пат“, се наведува во текстот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња