Сирија: Руската база во Тартус ќе ја забрза победата над терористите

Портпаролот на сириската војска го доведе основањето на постојана руска база во Сирија во врска со помошта што терористите ја добиваат од регионални и вонрегионални спонзори и која им дозволува да ја продолжат војната.

Основањето постојана руска поморска база во сириското пристаниште Тартус ќе ја зајакне борбената способност на сириската армија и ќе ја забрза победата над терористите, изјави раководителот на одделението за информирање на политичката управа на армијата на Сирија, бригадниот генерал Самир Сулејман.

„Основањето на базата на Русија и Сирија, како и на нејзините сојузници кои се борат против терористите, ќе ѝ даде поголема воена моќ за што побрзо да се пресметаат со тероризмот“, изјави Сулејман, пренесува РИА „Новости”.

Според него, терористите од регионалните и вонрегионалните држави добиваат помош која им овозможува да ја продолжат војната.

„Затоа за борба против нив е апсолутно неопходно такво на соработка кое вклучува и основање руски воени бази во Сирија“, изјави генералот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња