Лавров: освен „стап“, во односите со Северна Кореја има и друг пристап

Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров смета дека освен „стап“, во односите со Северна Кореја има можност и за покреативен пристап.

Зборувајќи на прес-конференција за ситуацијата по последната нуклеарна проба на Северна Кореја, Лавров укажа дека „разгледувајќи ги опасните авантури на севернокорејското раководство ние треба да се воздржуваме од чекори кои би можеле да доведат до понатамошна ескалација на напрегнатоста и да го доведат регионот до границата на вооружен конфликт“.

„Ние сме за тоа, знаете, како во истата ситуација со иранската нуклеарна програма, со хемиската демилитаризација на Сирија, да бидат применети многу креативни пристапи спрема сите учесници, вклучувајќи ги и САД и Русија“, изјави министерот.

„Убеден сум дека и овде покрај стапот, покрај камшикот, има можност за некакво креативно осмислување на ситуацијата, изработка на пристапи кои дозволуваат да се релаксира напрегнатоста на Корејскиот полуостров, во североисточна Азија во целина“, уверен е Лавров.

„Ние работиме на тоа, сметаме дека шестостраните преговори е рано да се закопаат, потребно е да се најдат патишта кои би овозможиле да ги обновиме“, заклучи Лавров, пренесува РИА „Новости“.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња