„Армата“ на тестирањата ги надмина сите очекувања

Резултатите од тестирањата на тенкот Т-14 на руската универзална платформа „Армата“ според низа показатели ги надминаа техничките барања и во моментов испитувањата продолжуваат, изјави генералниот директор на „Уралвагонзавод“ Олег Сиенко на форумот „Армија 2016“.

„Сакам да кажам дека резултатите кои денеска се постигнати во целост ја потврдуваат техничката задача што ја добивме од Министерството за одбрана, а според некои показатели – ја надминуваат“, изјави Сиенко, пренесува „Взгљад“.

Сиенко истакна дека испитувањата на Т-14 „течат активно“.

Основниот борбен тенк Т-14 „Армата“ е единствениот во светот тенк од третата повоена генерација. Тоа е во целост руска изработка. „Армата“ е универзална тешка гасенична платформа врз чија основа можат да се произведуваат тенкови, борбени возила за пешадија, возила за инженерија, тешки БТР, возила за поддршка на тенкови, за разузнавање и управување.  

Претходно беше соопштено дека Министерството за одбрана на Русија склучило со „Уралвагонзавод“ договор за испорака на прва партија од повеќе од 100 тенкови „Армата“.  
 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња