Московската централна кружна железничка линија (МЦК) ќе биде свечено отворена на 10 септември на Денот на главниот град.
Во текот на првите месец дена од работата, кога превозот ќе биде бесплатен, градските власти планираат да се запознаат со предлозите и забелешките на граѓаните на работата на новата линија и да ги поправат пропустите, напиша градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на „Твитер“.
Московската централна кружна железничка линија ќе има вкупно 31 станица, а од секоја ќе може да се префрлите на патничкиот градски сообраќај. Притоа на 17 станици ќе биде можно да се префрлите на метро, а на десет на приградската железница. На картата МКЦ ќе биде обележана со бела боја со црвени контури.
Цената на картите ќе биде иста како и за метрото, а ако префрлувањето на метро се изврши во рок од 90 минути од качувањето на МКС, возењето ќе биде бесплатно, пишува „Мослента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче