Иран: Русија може да ја користи базата „Хамадан“ на неопределено време

Техеран засега не планира да ѝ даде на Москва други бази, но по потреба ќе ја разгледа таквата можност.

Министерот за одбрана на Иран Хосеин Дехган изјави дека руските авиони ќе можат да ја користат авиобазата во „Хамадан“ сѐ додека имаат потреба од тоа, се вели во соопштението на сајтот на Министерството за одбрана на Иран.

Претходно Дехган изјави дека неговата земја ги прими руските Воздушно-космички сили по барање на сириската влада.

Тој исто така истакна дека Техеран засега не планира да ѝ даде на Москва други бази, но по потреба ќе ја разгледа таквата можност.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња