Иран објасни зошто ВКС РФ ја користат базата „Хамадан“

Министерот за одбрана на Иран Хосеин Дехган објасни зошто Иран ги примил руските воени авиони на своја територија.

Министерот за одбрана на Иран Хосеин Дехган изјави дека Техеран ги примил руските воени авиони во авиобазата „Хамадан“ на барање на сириската влада, пренесува агенцијата „Тасним“.

„Приемот на руските авиони во авиобазата во Хамадан се врши во рамките на заемната соработка и борбата со терористите на барање на владата на Сирија“, ги цитира агенцијата зборовите на шефот на иранскиот подбранбен ресор.

Во вторникот руските ВКС првпат ја искористија иранската авиобаза „Хамадан“ за нанесување удари врз објекти на терористите во Сирија, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња