„Полетувањето на „Алтаир“ се случи во Казаљ во средината на јули. Беспилотното летало го очекува опширна програма на тестирања летањето“, изјави изворот, пренесува „Взгљад“.
Леталото има маса од околу 5 тони. Распонот на крилата е околу 28,5 метри, а должината – 11,6 метри. Конструктор е НПО „ОКБ „Симонов“ (претходно ОКБ „Сокол“) од Казањ.
Претходно поранешниот командант на Воено-воздушните сили на Русија генерал на армија Петар Дејникин изјави дека руските борбени авиони од нова генерација ќе можат да летаат без пилот.
На 20 мај генералниот директор на АД „Технологии за авијацијата“ Вадим Смирнов соопшти дека се планира производство на пробниот модел на повеќенаменското тешко беспилотно летало „Фрегат“ со вертикално полетување и слетување до 2020 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче