Британските парламентарци повикаа да се прошири списокот со руски официјални лица против кои треба да биде воведена забрана за влез во земјата. Соодветната препорака се содржи во извештајот на комитетот за одбрана на британскиот парламент, пренесува „Лента. Ру“.
Парламентарците исто така се залагаат за продолжување на санкциите против Русија воведени во врска со украинскиот конфликт. „Исто така ја повикуваме владата да ги активира персоналните санкции во однос на членовите на руското раководство“, истакнуваат тие.
Пратениците констатираат дека санкциите извршиле негативно влијание на руската економија, меѓутоа врз воената состојба нивното влијание се покажало како минимално.
Во извештајот исто така се тврди дека Велика Британија заедно со сојузниците во НАТО треба да има воена сила која ќе биде способна да обезбеди одвраќање на Русија. Постапките на Москва, како присоединувањето на Крим кон Русија и „воената интервенција“ во конфликтот на истокот на Украина, парламентарците ги нарекоа закана за стабилноста на Европа.
Истовремено комитетот констатира дека дијалогот меѓу Велика Британија и Русија во моментов е редок, а односите – на ниско ниво. Пратениците сметаат дека тоа е потребно да се промени.
„Велика Британија треба да демонстрира подготвеност за учество во конструктивен дијалог. Ние не можеме да се надеваме на заемно разбирање меѓу нас и Русија ако немаме конструктивен дијалог“ , истакнуваат пратениците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче