Експерт: Ништо не е готово со „Брегзит“

Вистинското излегување на Велика Британија од Европската унија би можело да има катастрофални последици за моделот на општественото уредување создаден во најразвиените демократии, значи врз по симулираната, оркестрирана и совршено контролирана демократија, пишува новинарот и главен и одговорен уредник на интернет магазинот „На линија“ (На линии) Виктор Мараховски.

Обединетото Кралство според веќе разработените сценарија на најразлични начини (почнувајќи од карактерот на референдумот кој има својство на препорака до склучувањето на истите аранжмани на поинаков начин) би можело да ги „изигра“ резултатите од референдумот и да направи римејк на своето членство во Унијата, вели Виктор Мараховски. Меѓутоа тој поставува прашање што ќе се случи ако Велика Британија навистина ја напушти Европската унија заедно со своите 12 до 13 проценти од европското население, половината од европските вооружените сили и едната петтина од европскиот бруто домашен производ.

Вистинското излегување на Велика Британија од Европската унија би можело да има катастрофални последици за моделот на општественото уредување создаден во најразвиените демократии, значи врз по симулираната, оркестрирана и совршено контролирана демократија, пишува Мараховски.

Вистинското излегување на Велика Британија, објаснува понатаму авторот, би можело да има катастрофални последици за оние демократии во кои бунтовните расположенија веќе во зачеток беа узурпирани од експертите за „земање здив“, демократии во кои на власт може да се дојде само со поддршка од крупниот капитал и угледниот бизнис, додека и „левите“ и „десните“  политичари кои инертно се менуваат на власт, спроведуваат иста економска, надворешна и внатрешна политика – политика на елитата.

Вчерашното гласање само би можело да го означи не само почетокот на слабеење на Европската унија, но, исто така, и почетокот на една вистински нова ера. Односно би можело да го означи оној момент кога правилата наметнати од страна на добро познатиот „еден процент“ на најбогати владетели на планетата, и тоа не во првата генерација, одеднаш ќе престанат да фунционираат. А механизмите за маестрална контрола на масите и техниките градени со децении за „симулирана демократија“ со предопределени зададени резултати, исто така, ќе почнат да се уриваат.

Кризата на „контролирано владеење на народот“ би можела да стане најголемата криза на дваесет и првиот век, бидејќи таа практично нема решение откако масите, како што се покажа, можат да гласаат против елитата, но ја немаат можноста да го контролираат спроведувањето на сопствената волја. Тоа го покажа референдумот во Холандија, а и референдумот во Велика Британија би можел да стане таков пример.

И колку повеќе волјата на мнозинството постфактум се форматира во интерес на малцинството, сѐ поболно би можело да биде рушењето на механизмите.

Меѓутоа, сето тоа сѐ уште треба да се почека. Засега веќе споменатиот „еден отсто од најбогатите“ во Европа се соочува со непријатности, но тоа сѐ уште не е погубно, пишува авторот.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња