Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека може да се реализира состанок на Советот Русија-НАТО по самитот на Алијансата во Варшава, кој ќе се одржи на 8-9 јули, соопшти агенцијата „Асошиејтед Прес“.
„Не сум убеден дека е можно (да се одржи состанок пред самитот)... Се надевам дека ќе имаме можност да го одржиме веднаш по самитот“, изјави Столтенберг во интервју за агенцијата.
„Во моментов водиме дијалог со Русија по повод агендата и условите“, додаде тој.
Претходно генералниот секретар на НАТО изјави дека Алијансата би сакала да се одржи состанок пред самитот во Варшава. Според неговите зборови, овие прашања бил дискутирани со постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко. Грушко потврди дека страните имаа консултации по ова прашање, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче