Песков не го коментира рускиот фудбал на ЕП 2016, иако „многу би сакал“

Претседателот на РФ Владимир Путин не го гледаше последниот натпревар на руската фудбалска репрезентација на Европското првенство против Велс, бидејќи во тоа време беше во посета на „Ленфилм“, изјави портпаролот Дмитриј Песков.

„Претседателот вчера не го гледаше натпреварот. Тој во тоа време беше во посета на „Ленфилм“. Може веднаш да се каже дека работите околу реанимацијата на „Ленфилм“ одат неспоредливо подобро отколку фудбалот што го видовме. Претседателот затоа и не гледаше“, рече Песков, пренесува РБК.

Натпреварот против репрезентацијата на Велс Русија го загуби со резултат од 0:3, го зазеде последното место во својата група и со тоа го напушта првенството.

„Не мислам дека имам право да коментирам, иако многу би сакал“, додаде Песков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња