Русија ќе издвои дополнителни 35 милијарди рубли за одбраната

Руската влада ја одобри програмата за модернизација на воено-индустрискиот комплекс за зајакнување на позициите на домашните производи на светскиот пазар. Според воените експерти, средствата се потребни за купување на машини и производство на компоненти кои пред санкциите Русија ги купуваше од своите партнери во странство.

Владата на Руската Федерација ја одобри државната програма „Развој на воено-индустрискиот комплекс“. За нејзина реализација од буџетот ќе бидат издвоени дополнителни околу 35 милијарди рубли (533 милиони американски долари).

Владата си постави задача да го зголеми растот на производството на претпријатијата од воено-индустрискиот комплекс за 1,8 пати и да се врати на нивото „пред кризата“ во 2014 година. Со таа цел државата планира да го зголеми износот на месечните плати на работниците во од за 2,4 пати по вработен.

Исто така, издвоени се средствата и за зголемување на годишното учество на иновативното производство од 34,4% во 2016 година на 39,6% во 2020 година.

Според зборовите на воениот експерт на агенцийата ТАСС Виктор Литовкин, кризата и западните санкции доведоа до неопходна модернизација на производството на воено-индустрискиот комплекс.

„Странските партнери повеќе не можат да испорачуваат бројни делови за домашната  техника поради санкциите. Претходно добивавме мотори за бродовите и хеликоптерите од украинските претпријатија, а сега мораме самите да ги правиме“, рече аналитичарот.

Според него, програмата за обнова на вооружувањето на армијата, за која се издвојуваат повеќе од три трилиони рубли (45 милијарди американски долари) во периодот од 2010 до 2020 година бараат доработка поради сегашните реалии.  

„За производство на нови елементи треба да се купуваат дополнителни машини, да се привлечат нови специјалисти. Сѐ бара инвестиции“, потенцира експертот.

Како што истакна главниот уредник на списанието „Национална одбрана“ Игор Коротченко, Русија издвојува онолку колку што треба и колку што е доволно за развој на својата одбранбена индустрија.

„Ние немаме намера да почнеме нова трка за вооружување и нема да паднеме во таа јама“, потенцираше Коротченко.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња