Руски генерал го насмеа Путин

Генералот Александар Шевченко се обиде пред Путин да отвори врата на заклучен „УАЗ-Патриот“

Генералот не знаел дека вратата на автомобилот „УАЗ-Патриот“ се автоматски блокирани и дека претходно треба да се запали моторот, пренесува Life.ru.

Смешната ситуација се случи кога претседателот на РФ Владимир Путин ја разгледуваше во Сочи новата техника за Вооружените сили на Русија. Генералот Шевченко побрза да ја отвори вратата на автомобилот и ја откорна рачката.

„Алал вера!“, прокоментира Путин со насмевка.

Подоцна генералот се пошегува во врска со настанот.

„Во вооружените сили на Русија сите генерали полагаат тест по физичка подготвеност. Доволно физичка сила овозможува да се исполнат сите нормативи“, изјави Шевченко, пренесува „Лента.ру“.

Видеото од настанот можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња