„Проблемот не е само во тоа колку ниско падна цената (на тоа бевме сведоци и последниве децении), туку во брзината со која тоа се случи. Во 2015 година нафтата поевтини двапати во рок од половина година. И тоа е без аналог во историјата. На толку остар пад на извозот не може да се адаптира ниедна економија“, рече Медведев, пренесува ТАСС.
Вториот негативен фактор се санкциите, но главните, според мислењето на шефот на руската влада, се „проблемите во самата структура на нашата економија, кои дојдоа до израз во кризната ситуација“.
Доколку ова би се одвивало во деведесеттите години, спојот од сите овие фактори би бил убиствен за Русија, додаде Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче