Асад ѝ се заблагодари на Москва за помошта во борбата против тероризмот, за хуманитарната помош и економската поддршка. Сирискиот претседател изјави дека Путин во Сирија ужива толкав углед што би можел слободно да се најде на која било положба во оваа земја.
На состанокот е разговарано и за идните парламентарни избори во Сирија кои ќе бидат одржани на 13 април, како и за обновата на ослободената Палмира со помош на руското претприемништво. Главните работи би можеле да ги преземат големите руски државни фирми, изјави рускиот парламентарец Гаврилов.
Асад на состанокот позитивно ги оцени „можностите за мирно регулирање на ситуацијата во Сирија во рамките на Женевскиот дијалог“.
Сенаторот Дмитриј Саблин изјави дека сириската делегација планира да тргне на преговори во Женева по парламентарните избори кои претседателот Асад ги закажа неколку часа по усогласувањето на примирјето во оваа земја од страна на Русија и САД, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче