Властите на Сирија планираат да го ослободат Алепо со руска поддршка

Руските Воздушно-космички сили и сириската армија подготвуваат заедничка операција за ослободување на Алепо, изјави претседателот на Советот на министри на Сирија Ваел ал-Халки.

„Заедно со нашите руски партнери се подготвуваме за операција за ослободување на Алепо и блокирање на сите нелегални вооружени формации кои не се придружија или го прекршуваат договорот за примирје“, изјави тој во неделата на средбата со руските парламентарци.

Ваел ал-Халки исто така истакна дека во Сирија веруваат дека „соработката на армиите и народите на двете земји ќе бидат успешни и ќе овозможат реализација на оваа операција во Алепо, за потоа да напредуваат кон Деир ез-Зор“.  

Премиерот на Сирија исто така со жалење изјави дека во последно време терористите организираат провокации во Алепо и во Дамаската област.

Претходно во информативниот билтен на Центарот за помирување на спротивставените страни во Сирија, објавен на сајтот на Министерството за одбрана на Русија, беше соопштено дека борците на групата „Џебхат ан Нусра“ не ги прекинуваат борбените дејствија во Алепо и неговите предградија. Како резултат на минофрлачки оган при обидот за заземање на квартот Шеик Максуд загинаа 18 и беа ранети 61 цивил.  

Делегацијата на руските парламентарци престојува во Сирија во хуманитарна мисија, соопштува „Интерфакс“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња