Еден од кандидатите за нов домаќин на Белата куќа, републиканецот Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е многу посилен од американскиот колега Барак Обама.
„Ако зборуваме за Птуин, мислам дека тој е многу силен лидер за Русија, далеку посилен од нашиот лидер. Но тоа не значи дека го поддржувам Путин“, изјави Трамп на ТВ дебата, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Трамп рече дека тоа е констатација на фактите.
„Путин е силен лидер, апсолутно. Можам да ви набројам неколку многу силни и многу слаби лидери“, додаде тој. Американскиот милијардер исто така рече дека порано ја сметал германската канцеларка Ангела Меркел за силен лидер и се придржувал до тоа мислење сѐ додека не видел „во што таа ја претвори Германија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.