„Ние не го поддржуваме режимот на Асад, но го поддржуваме во борбата против тероризмот, ја поддржуваме опозицијата и Курдите кои се борат против ИДИЛ“, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.
„Зборуваме за тоа дека не може да им се испорачува оружје на нелегалните формации со заобиколување на Дамаск, дека е голема грешка однадвор да се менува режимот. Меѓутоа, во борбата меѓу Дамаск и опозицијата ние не стоевме на ничија страна. Ги штитевме суверенитетот на Сирија и меѓународното право“, наведе Захарова.
Според нејзините зборови, обидите да се зачува и собори режимот однадвор се пат кој не води никаде.
„Вештачка творба нема долго да трае, колку и да ја чувате. Не може ниеден модел, независно од тоа кој го поддржува или урива однадвор да биде вистинскиот за државата. Тоа е погубен пат, а такви примери има многу“, изјави Захарова во интервјуто за весникот „Аргументи и факти“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче