Властите на Сирија се согласија со условите на САД и РФ за прекин на борбените дејствија ако воените напори за борба со терористичките груп „Исламска држава“, „Џебхат ан-Нусра“ и останатите продолжат, соопшти агенцијата SANA со повикувајќи се на изјавата на владата.
„Сириската Арапска Република ја искажува својата согласност да ги прекине борбените дејствија, продолжувајќи ја борбата до ИДИЛ, „Џебхат ан-Нусра“ и другите терористички организации во рамките на руско-американската изјава“, се вели во соопштението на МНР Сирија.
Покрај тоа, сириската влада соопшти дека е подготвена за координација со Русија за определување на територијата каде ќе бидат прекинати воените дејствија, како и за групите кои ќе учествуваат во примирјето. Освен тоа, официјален Дамаск го задржува правото да одговори на секое нарушување на примирјето од страна на вооружените групации.
Во документот се истакнува важноста од воспоставување целосна контрола над државната граница со Турција и Јорда, повикување на одговорност на државите кои ги поддржуваат и финансираат терористите, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче