Британски генерал: Русија успешно дејствува во Сирија

Руските Воздушно-космички сили во Сирија успешно дејствуваат, а Велика Британија соработува со губитници, изјави генералот Ричард Данат, началник на Генералштабот на британските вооружени сили од 2006 до 2009 година.

„Русија соработува со режимот на Асад и во моментов дејствува многу успешно. И во воздух и на земја нивните акции се координирани. Нашиот проблем е во тоа што соработуваме со губитници. Ајде да соработуваме со тој режим! Можеме едноставно да кажеме дека непријателот на мојот непријател е мој пријател“, вели генералот.

Тој исто така смета дека само по воен пат може да се победи „Исламската држава“,  пренесува ТАСС. А конфликтите можат да бидат регулирани само на земја, каде паралелно со дипломатските и политички процеси е потребна и војска. Британскиот генерал исто така смета дека воздушните напади не можеле да го запрат напредувањето на терористичките банди.

„Мораме да размислиме за она за што претходно не размислувавме и да ја разгледаме можноста за копнена операција во Ирак и Сирија. Јас не спаѓам во генералите-фанатици кои велат, пратете ја војската и нека не ве загрижуваат загубите. Но имаме  бескомпромисна војна и недостиг од дипломатски и политички одлуки и не можеме повеќе да ја отфрламе можноста за копнена операција“, истакнуваа генералот Ричард Данат. 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња