Москва ги негира изјавите на Лондон дека го разгорува сирискиот конфликт

МНР Русија ги нарече изјавите на шефот на британската дипломатија Филип Хамонд „опасна дезинформација“.

МНР РФ одговори на изјавите на Лондон дека Москва ги поткопува напорите на меѓународната заедница за прекин на граѓанската војна во Сирија, пренесува „Интерфакс“.  

„Ги сметаме таквите изјави како опасни дезинформации“, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова во програмата на радиото „Зборува Москва“.

Претходно министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд изјави дека нападите на руската авијација во Сирија се причина како за продолжување на сирискиот конфликт, така и за заострување на кризата со мигрантите.

„Руските авиоудари во Сирија му даваат на режимот нова шанса за преживување, тоа е лоша вест за сите, тие (Русите) сносат одговорност за продолжувањето на сирискиот конфликт“, изјави министерот по посетата на бегалскиот логор Заатари во Јордан.

Тој потенцираше дека „Русите не можат истовремено да бидат дел од политичкиот процес и главен виновник за катастрофата што се случува на местото на настанот“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња