РФ огорчена поради одземањето на акредитациите на почесните конзули во САД

„Одлуката на Стејт департментот на САД за затворање на почесните конзулати на Руската Федерација во неколку американски држави предизвикува огорченост“, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

Москва е огорчена поради одлуката на Вашингтон да ги повлече акредитациите на почесните конзули на РФ во САД во државите Калифорнија, Јута, Минесота, Флорида и Порторико, истакна портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, а пренесе РИА „Новости“.

 „Огорчени сме поради одлуката на Вашингтон да ги повлече акредитациите за почесните конзули на Руската Федерација во Калифорнија, Јута, Минесота, Флорида и Порторико, што се пет од вкупно шесте што ги имаше во Америка. Покрај тоа, на нив им се заканува дури и кривичен прогон.

Обидот да се оправдаат вакви недопустливи постапки така што ќе се обвинуваме за ескалација на тензиите во билатералните односи не држи вода“, нагласи Захарова.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња