Претседателот на Државната дума Сергеј Наришкин предложи ЕУ да воведе санкции против Киев поради неисполнувањето на „Минската спогодба“, пренесува ТАСС.
„Сакам да верувам дека позицијата на Франција, на Германија која, впрочем, годинава претседава со ОБСЕ, ќе биде до крај конструктивна и објективна, а поборниците на продолжувањето на антируските рестрикции ќе сфатат дека, според нивната логика, би требало да се објават санкции не против Русија, туку против официјален Киев, властите, за најгруби кршења од нивна страна и на роковите, и на суштината на „Минската спогодба“, рече Наришкин.
На 30 декември шефовите на земјите од „Нормандиската четворка“ се договорија да го продолжат рокот на важност на „Минската спогодба“ за 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче