Многу нешта ќе зависат од понатамошниот развој на руско-турските односи, пишува аналитичарот кој смета дека за стратешко партнерство повеќе не може да се зборува, но дека добрососедските односи, развојот на економските врски и одредено ниво на соработка во кавкаскиот и европскиот правец е можно да се повратат.
„Анкара веќе одамна сфати дека со соборувањето на Су-24 не направи само грешка, туку злосторство против своите национални интереси, но Ердоган е премногу горд за да бара прошка. Турците с обидуваат да покажат дека се мирни и сталожени, надевајќи се дека на Путин ќе му помине лутината. Меѓутоа, според она што го слушнавме на големата конференција за печатот, рускиот претседател е многу сериозен. Се чини дека неговиот турски колега погази некои многу важни договори со Москва“, пишува Мирзајан.
Кремљ има стратегија како да го намали турското влијание врз Кавказот и Централна Азија, па и да развива тесни односи со Курдите, како во Турција, така и во Сирија, смета аналитичарот.
Тој истакнува дека од Турција зависи и понатамошниот развој на ерменско-азербејџанските односи, односно, дали Турција ќе се откаже од умерената политика во однос на Ерменците „кога турските власти не долеваа масло на огнот на конфликтот во Нагорно Карабах, туку, напротив, се обидуваа да го замрзнат и дури и да ги нормализираат односите со Ерменците заради понатамошна соработка со Москва“.
Важна алка во синџирот на нестабилноста е секако и Централна Азија. Во моментов таму нема отворени конфликти кои бараат итно решение (како во случајот со Турција) но во регионот „гледаме внатрешнополитичка ерозија“. Причината за таквата ситуација не е „Исламската држава“, ниту турските империјалистички апетити, туку неефикасноста на режимите, неадекватноста на елитите во тие земји кои се плашат од прогрес или не можат да се навикнат на промени во општеството. „Таа политика на конзервирање во принцип може да предизвика револуции. Ако се земат предвид реалиите на Централна Азија, тие револуции можат да бидат од исламски карактер. Затоа Москва мора да стимулира еволуција на режимите во Централна Азија. А тоа значи да ги расипува односите со нив, ризикувајќи да биде обвинета дека предизвикува „обоени револуции“. Дали е Кремљ морално и политички подготвен за такви чекори е уште едно прашање по повод „ураганот“ по должината на јужната руска граница, заклучува Мирзајан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче