„Роскосмос“ направи видео во кое прикажува што ќе се случи со Земјата по четири милијарди години, кога галаксијата Млечен Пат ќе се судри со галаксијата Андромеда. Видео-записот беше објавен на каналот на вселенската агенција на „Јутјуб“, пренесува РИА „Новости“.
Судирот со Андромеда, која се наоѓа на 2,5 милиони светлосни години од Млечниот Пат, ќе доведе до формирање на една галаксија. Тој процес е неизбежен, сметаат руските научници, затоа што галаксиите се движат во пресрет една на друга.
Според мислењето на астрофизичарот Рашид Сјуњаев, како резултат на тој настан жителите на Земјата „ќе бидат исфрлени од површината на нашата галаксија“.
Видеото можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче