Изминатата година беше една од најзатегнатите во односите меѓу Москва и Западот уште од времето на студената војна. Руската економија во моментов е во опаѓање, но и Западот е соочен со тешката миграциска криза, како и со кризата на еврото. Во Берлин сѐ почесто се слуша како „без Русија ништо не може да се направи“ и дека е тешко да се претпостави дека санкциите уште долго ќе останат, пишуваат германските медиуми, пренесува „РТ“.
Меѓутоа, во светлината на меѓународната борба против тероризмот и мигрантската криза во Европската унија, сѐ повидливи се знаците на затоплување и билатерално зближување кои можат да доведат, меѓу другото, и до укинување на антируските санкции, пишува „Хановерше Цајтунг“.
Исто така, се забележува дека Русија место да го обвинува Западот, на пример, ја нарекува Франција свој партнер. Освен тоа, медиумите во Русија многу исцрпно известуваа за преговорите на претседателот Путин со германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот лидер Барак Обама на маргините на конференцијата за климатските промени во Париз, и се наведува дека во Германија во моментов живеат над три милиони мигранти од поранешниот Советски Сојуз и дека Германците во Источна Европа наидуваат на добар прием.
„Без оглед на изјавите на Западот дека санкциите спрема Москва не треба да бидат укинати, во Берлин и Вашингтон сѐ почесто може да се слушне дека тоа нема уште долго да трае. Меѓу германските дипломати постои силно убедување дека без Русија ништо не може да се направи“, констатира весникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче