Путин: Соборувањето на Су-24 е непријателски чин

На големата годишна прес-конференција претставник на турските медиуми го праша рускиот претседател Владимир Путин дали во рушењето на руско-турските односи е вмешана и трета страна.

Тоа што го сторија турските власти, со соборувањето на рускиот воен авион, е непријателски чин.

„Загинаа луѓе. А што нѐ повреди во сето тоа најмногу од сѐ? Како се постапува кога ќе дојде до несреќен случај? Се крева слушалката... А што направија тие (раководството на Турција)? Отрчаа во Брисел (да се пожала): „Нѐ напаѓаат!“ Кој ве напаѓа? Зар вас ве задевавме? Најважно во сѐ, и сакам тие да слушнат, она што најмногу нѐ повреди, тоа е дека ние не се откажувавме од соработката“.

Путин раскажа како раководството на Турција во текот на последната средба во Анталија на самитот на Г-20 поставило многу деликатни прашања „кои не се впишуваат во меѓународното право“.

„Ние рековме да, разбираме и подготвени сме да ви помогнеме... Јас никогаш не сум слушнал за Туркмените. Можеа да кажат, внимавајте... но ништо не ни рекоа. А ние изразивме подготвеност да помогнеме. Што мислеа? Дека ќе избегаме (од Сирија)? Ние не сме земја која бега!“

Што се однесува до некоја трета страна вмешана во конфликтот меѓу Русија и Турција, Путин го кажа следново:

„Ако турското раководство одлучило да им лизне на Американците едно место... не знам дали правилно постапиле. Не знам дали на Американците им треба тоа“.  

А по повод понатамошната турска воена активност во Сирија Владимир Путин додаде: „Ако Турција претходно постојано леташе и го нарушуваше воздушниот простор на Сирија, нека се обидат сега“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња