Продолжување на антируските санкции на Советот на ЕУ на 17-18 декември „без какви било дискусии“ од земјите на ЕУ бараат САД, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за италијанските медиуми, пренесува ТАСС.
„Знаеме дека Американците сега се рашетуваат по сите главни градови на Европа и бараат по неколку дена, кога Европскиот совет ќе има состанок, задолжително продолжување на санкциите без никакви дискусии“, изјави Лавров.
Тој напомена дека „европските санкции беа воведени во најголема мера на барање на САД“.
„Џо Бајден своевремено се фалеше дека тоа е имено американска иницијатива и дека Американците ја „свиткале“ ЕУ. Тоа е одлука која ние не ја коментираме. Длабоко жалиме за тоа“.
„Не можевме да не реагираме. Пред сѐ, реагиравме, всушност, не едноставно за да ѝ направиме нешто лошо на ЕУ. Ние го објаснивме тоа многу просто: меѓу оние претпријатија и структури врз кои беа наметнати едностраните санкции на САД, ЕУ и низа други држави, имаше и наши финансиски институции, вклучително и институции кои ги кредитираат земјоделците“.
„Кога им го скратија финансирањето, нивните можности за кредитирање на нашите земјоделски производители нагло се скратија, што создаваше нелојални конкретни предности за извозниците од западните земји, кај кои можностите за кредитирање на ниеден начин не се намалија“, објасни Лавров. „Токму тоа беше причината“, додаде рускиот шеф на дипломатијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче