Ердоган тврди дека Русија купува нафта од „Исламската држава“

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека поседува докази дека токму Русија купува нафта од „Исламската држава“.

„Поседуваме докази“, изјави Ердоган, пренесува ТАСС. „Ќе ги изнесеме нашите докази пред целиот свет“, рече турскиот претседател.

Ердоган објасни дека неговите докази се за сирискиот бизнисмен Џорџо Хасвани кој наводно купува нафта од терористите на „Исламската држава“, а „поседува и руски пасош“, додаде турскиот претседател.  

Заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов во средата ја обвини Турција дека го спонзорира тероризмот и изнесе докази за соработката во бизнисот со нафта меѓу турскиот политички врв со ИД.

„Одлично ја знаеме цената на изјавите на Ердоган. Него веќе го фатија во лага турските новинари кои дознаа дека Турција им испорачува на терористите оружје во вид на хуманитарна помош. Поради тоа тие новинари се во затвор. Господинот Ердоган нема да се повлече и нема ништо да признае, макар и лицето да му е измачкано со нафта“, рече Антонов.   

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.