Медиуми: Конфликтот меѓу Путин и Ердоган покажа кој е „господарот”

Ердоган сака да создаде „нова Турција“ која, како самостојна регионална држава, ќе се бори за своите интереси на Блискиот Исток, но Русија би можела да ги наруши неговите планови, пишува германскиот весник „Дер Тагесшпигел“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се двоуми меѓу благи и остри изјави и не може ништо да му спротивстави на Кремљ, пишува германскиот весник „Дер Тагесшпигел“. Според изданието, тој ќе мора да плати затоа што ја разбесни „руската мечка“, пренесува „РТ“.

Претседателот на Турција често го споредуваат со претседателот на Русија Владимир Путин и тогаш приврзаниците на турскиот лидер, за разлика од Путин, го нарекуваат „господар“, пишува германскиот весник. Меѓутоа, конфликтот со рускиот претседател го доведува во прашање авторитетот на Ердоган.  Загрозени се не само трговските односи со Москва, испораката на гас, туку и плановите на Турција во Сирија да формира тампон зона, продолжува весникот.  

Ердоган сака да создаде „нова Турција“ која, како самостојна регионална држава, ќе се бори за своите интереси на Блискиот Исток, но Русија би можела да ги наруши неговите планови, пишува германскиот весник. „Сакал ли Ердоган да го најде во Путин својот господар?“, се прашува весникот и го наведува одговорот на турскиот новинар Семих Идиц: „Оној што ќе ја разбесни руската мечка мора да плати за тоа“.

Меѓутоа, од Анкара можат да се слушнат и остри изјави. Самиот турски претседател изјави дека територијата помеѓу Балканот, Кавказот и Северна Африка ја гледа ако сфера на своите директни интереси. Реалноста е сосема поинаква и Ердоган нема ништо што би можел да го спротивстави на потезите на Русија во Сирија. Според мислењето на новинарот, Москва ќе го продолжи бомбардирањето, можеби и со поголема жестина.

Интервенцијата на Русија во сирискиот конфликт ја покажа разликата меѓу светска и регионална држава, смета рускиот политиколог Белуљ Оскан. Се разбира, Москва исто така сака да избегне сериозен конфликт со Анкара, но не треба да се мисли дека Путин ќе го остави инцидентот со Су-24 без последици.

Довербата во зборовите на Ердоган за тоа дека Турција е самостоен фактор на Блискиот Исток е разнишана, пишува весникот. Тој од една страна изјавува дека во односите со Русија Анкара се залага за „мир, дијалог и дипломатија“. Од друга страна, тој упорно ги отфрла обвинувањата на Москва. Ердоган изјави дека Путин треба да се „срами“ затоа што изјавил дека Турција е соучесник на „Исламската држава“. Тој исто така се закани дека неговата земја и понатаму ќе ги соборува руските авиони кои ќе го повредат воздушниот простор на Турција. Меѓутоа, овие закани веројатно нема да влијаат на Москва, смета германскиот весник.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња