Песков: Ќе следи соодветна реакција

Претседателот на Русија е мобилизиран до степен каков што бараат околностите, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Турција со соборувањето на рускиот Су-24 ѝ фрли на Русија предизвик без преседан, а реакцијата ќе биде соодветна на таа закана, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.  

„Претседателот е мобилизиран, мобилизиран е максимално до степен каков што бараат околностите. Околностите се без преседан, на Русија ѝ е фрлен предизвик без преседан. Оттука, се разбора, реакцијата ќе соодветствува на таа закана“, изјави Песков во интервјуто за емисијата „Вести во сабота“ со Сергеј Бриљов, одговарајќи на соодветно прашање.  

Односите меѓу двете земји се во криза откако во вторникот, 24 ноември, турски авиони-ловци F-16 соборија руски Су-24 во Сирија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња