Рухани: Односите меѓу Русија и Иран влегуваат во нова фаза

Односите меѓу Иран и Русија се развиваат и влегуваат во нова фаза, изјави иранскиот претседател Хасан Рухани во текот на средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Односите меѓу Иран и Русија се развиваат и влегуваат во нова фаза, изјави иранскиот претседател Хасан Рухани во текот на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува „Взгљад”.

Како што е соопштено, Иран има намера да продолжи да ја развива нуклеарната соработка со Русија.

Според зборовите на Рухани, тој со Путин разговарал на темата борба против тероризмот. Лидерите на двете земји се договориле дека сериозно ќе му пристапат на решавањето на овој проблем.

Претседателот на Иран истакна дека спогодбата за нуклеарната програма создава нови можности за развој на меѓународните односи, вклучувајќи и развој на инвестициите. Како што наведува изданието, Иран е заинтересиран за реализација на низа проекти во областа на извозот на енергија и гас.

Претходно и иранскиот духовен лидер Али Хамнеи имаше средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња