Никој во Унгарија и Русија не се сомнева во политичките мотиви на одлуката на Европската комисија. Британски „Фајненшел Тајмс“ исто така директно пишуваше дека таа е политички мотивирана, затоа што ги попречува обидите на унгарскиот премиер Виктор Орбан да ги зајакне врските со Москва во период на нагло влошување на односите меѓу Русија и ЕУ. Место да се обидува да ја намали зависноста од руски енергенси, кон што тежнее Брисел, Унгарија, сметаат европските функционери, само ја зголемува, пишува „Експерт”.
Една од главните забелешки на руско-унгарскиот проект „Пакш II” е недостатокот од транспарентен тендер при потпишувањето на договорот, се наведува во заклучокот на Европската комисија. Унгарија има два месеца да подготви одговор на забелешките на Брисел и на прашањата на Европската комисија. Доколку не бидат исполнети барањата на Брисел, Будимпешта ја очекуваат големи казни.
Унгарските власти ги отфрлија обвинувањата за нетранспарентност на тендерот. Будимпешта тврди дека во февруари 2014 година добила писмено објаснување од поранешниот шеф на Европската комисија Жозе Мануел Барозо во кое се наведува дека проширувањето на атомската централа „Пакш“ можно врз основа на меѓувладината спогодба меѓу Москва и Будимпешта. Како што сега тврдат унгарските власти, писмото не содржело приговор против проектот врз основа на членот 103 од европскиот договор во кој се наведува дека државите-членки се обврзани да ја известат Европската комисија пред потпишување на меѓународни договори за атомска енергија заради проверка на нивната усогласеност со европскиот закон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче