Во текот на преговорите за Сирија дипломатите од државите-сојузнички на САД се обидуваат да влијаат на односите меѓу Русија и Иран и да ја добијат поддршката на Москва за ограничување на рокот на владеење на сирискиот претседател Асад, пишува американскиот весник „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на високи дипломатски изори кои учествуваат во преговорите за Сирија, пренесува „Взгљад“.
На Иран, поради силната поддршка за сирискиот режим, се гледа како на кочница за напорите да се поведе обединета борба против ИД, пишува весникот. „Ако Русија се држи до Иран и Асад, ќе пропаднат сите надежи за меѓународен консензус“, истакнува „Вол Стрит Џурнал“.
„Сунитските арапски лидери ја предупредија Русија дека нејзината воена интервенција во Сирија ја обединило со шиитскиот Иран, Алавитите на Асад и христијаните против сунитското мнозинство во регионот“, пишува медиумот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче