Информациите на медиумите за бомба во А321 не се официјален став на Вашингтон

Во средата американските медиуми соопштија дека причина за падот на авионот Ербас А321 најверојатно била експлозија на бомба.

Властите на Египет добиле потврда од САД дека информациите за причините за авионската несреќа на Ербас А321 во американските медиуми не го одразуваат официјалниот став на Вашингтон, соопштува агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на египетските власти, а пренесува ТАСС.

Во средата, 04 ноември, американската телевизија „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на американското разузнавање, соопшти дека во авионот А321 на руската компанија „Когалимавиа“ што се сруши на Синајскиот полуостров, најверојатно експлодирала бомба поставена од терористи.

Во текстот се вели дека Државниот секретар на САД исто така навел дека „официјални изјави администрацијата на САД во врска со причините за падот на А321 на Синајскиот полуостров нема дадено“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња