Кремљ жали за одбивањето на Лондон да води секаков дијалог и смета дека за обнова на контактите „топката е кај британските колеги“.
„Навистина, политичкиот дијалог се наоѓа во замрзната состојба, а Русија не беше иницијатор на тоа замрзнување“, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
Според неговите зборови, Москва смета дека „соработката за спротивставување на современите предизвици кои стојат пред нас – а тоа се прашањата поврзани со борбата против тероризмот, прашањата поврзани со прекуграничниот криминал – бараат билатерална соработка.
„Меѓутоа Велика Британија веќе мошне одамна се откажа од секакви контакти и исто така е замрзнат и политичкиот дијалог“, констатираше претставникот на Кремљ.
„Жалиме во врска со ова“, изјави Песков.
Тој потсети дека „на сите нивоа Русија многупати изјави за својата заинтересираност за развој на рамноправни и заемноповолни односи со сите земји“. „Но, во дадениов случај, топката е апсолутно кај нашите британски колеги“, потенцираше Песков.
Претходно амбасадорот на РФ во Велика Британија Александар Јаковенко, во интервју за „Тајмс“ од кое дел пренесува ТАСС, изјави дека политичките врски меѓу Лондон и Москва се сведени на „не“ по иницијатива на британската страна поради настаните во Сирија и Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче