Независно од развојот на настаните во Донбас, САД и ЕУ само ќе ги засилуваат санкциите против Русија, изјави во средата на изложбата RAE-2015 заменик-министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјабков, пренесува РИА „Новости“.
„Мислиме дека во некои сектори, независно од тоа што се случува во Донбас, треба да очекуваме понатамошно засилување на санкцискиот притисок“, изјави Рјабков.
Според неговите зборови, дополнителните американски санкции што беа воведени минатата недела против руски правни лица, вклучувајќи го и „Рособоронекспорт“ се само „одраз на политиката за усложнување на работата на рускиот одбранбено-индустриски комплекс и целиот државен механизам“.
„Во сферата на меѓународните финансиски услуги нашите колеги од САД и ЕУ и понатаму ќе вложуваат напори да ги затворат сите дупки. Ние го разбираме тоа и ние треба да се учиме да работиме во тие услови“, додаде заменик-министерот за надворешни работи на РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче