„Во согласност со наредбата на Путин, силите на округот, дел од силите на авијацијата на другите воени окрузи, Воздушно-десантните сили и Воено-транспортната авијација во 09:30 часот по московско време стапуваат во полна борбена готовност“, изјави министерот за одбрана на советувањето со раководниот состав на својот ресор во Националниот центар за управување со одбраната на државата, пренесува „Взгљад”.
Путин исто така наложи да се процени подготвеноста на Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, Министерството за индустрија и трговија, Федералните медицинско-биолошки агенции, Агенцијата за риболов и Агенцијата за државни резерви за реализација на одбранбените задачи.
Меѓу другите „позадински“ структури кои ќе бидат проверени се и администрациите на Новосибирската, Самарската и Чељабинската област, како и на Башкирија.
Проверката ќе ја спроведе Главната управа за специјални програми.
„Неопходно е заедно со федералните органи на извршната власт да проработат прашањата за меѓуресорно планирање, организација на заеднички акции, практично спроведување на задачи за мобилизација и задачи од територијалната одбрана”, изјави министерот за одбрана.
Проверките ќе траат од 7 до 12 септември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче