Прославата по повод Денот на Моксва беше свечено отворена на Црвениот плоштад, и покрај силниот дожд, пренесува „Взгљад“. Претставата на централниот плоштад на Русија како и секогаш претставува историска реконструкција и слика на градскиот живот, а како посебна тема ќе биде Победата во Големата татковинска војна.
Како што соопшти Собранието на градот, покана за прославата добиле 7,5 илјади ветерани и претставници на општествени и младински организации. За растерување на облаците над Москва е вклучена и специјална авијација.
Рускиот главен град го слави својот 868 роденден, а организаторите по тој повод за Московјаните и гостите подготвија над 500 свечени настани.
Дел од прославата можете да погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.