Чуркин: Следниот генерален секретар на ООН би требало да биде од Источна Европа

Русија ја поддржува идејата жена да биде избрана за генерален секретар на ООН, но смета дека организацијата не треба да го ограничува својот избор поради родови причини.

Постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин смета дека не треба да биде ограничен изборот за следен генерален секретар на ООН.

„Би било супер ако генерален секретар на ООН биде жена. Но треба ли да го ограничуваме својот избор?", изјави дипломатот. Според неговите зборови, во групата источноевропски држави на ООН, во која спаѓа и Русија, цврсто се убедени дека следниот прв човек на организацијата треба да биде претставник од овој регион. Тој информираше дека делегацијата на РФ се потпишала на соодветното писмо кое му било упатено на сегашниот генерален секретар Бан Ки Мун.  

„Внатре во источноевропската група постои сериозна загриженост дека некои од оние, кои активно се залагаат за избор на жена за генерален секретар, всушност не се заинтересирани за тоа, туку се обидуваат да го прошират изборот надвор од рамките на источноевропската група“, изјави Чуркин. Според неговите зборови, најактивните приврзаници на таквиот избор тврдат дека треба да се избира од претставнички од целиот свет. Постојаниот претставник го нарече тоа „полички маневри, насочени кон постигнување определена цел“.

Мандатот на Бан Ки Мун, кој ја врши должноста генерален секретар на ООН од 1 јануари 2007 година, истекува на 31 декември 2016 година.  

Ниту еден од осумте генерални секретари на ООН не бил претставник од Источна Европа. Освен тоа, сите беа мажи. Многумина мислат дека тоа овозможува да се смета на успех на Бугарката Ирина Бокова, која сега ја врши функцијата извршен директор на УНЕСКО. На списокот со потенцијални претенденти се наоѓаат и поранешната претседателка на Аргентина Мишел Бачелет и администраторот на Програмата за развој на ООН, Канаѓанката Хелен Кларк, кои впрочем, претставуваат други региони.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња